Утрински Весник
Македонија

Филипче: Квазипатриотите зборуваат за патриотизам, а имаат бугарски пасоши!

Sdsm venko tribina 4.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Лажниот патриотизам е карактеристика на ВМРО-ДПМНЕ, истакна синоќа од Крива Паланка претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Д-р. Венко Филипче.


– ВМРО-ДПМНЕ зборува за патриотизам, а имаат бугарски пасоши, тоа е квазипатриотизам и лицемерие. 

Единствена гаранција за Македонија е АСНОМ-ската идеја за заедништво и праведност.  Македонија не смее да биде изолирана , мораме да останеме дел од светот кој се движи напред, дел од НАТО и да станеме дел од ЕУ. Ние таму припаѓаме, меѓу развиените земји.

СДСМ е единствениот гарант за европската иднина, ние не се плашиме од реформи, од европски обвинители, а тие кои денес владеат и тоа како имаат. Затоа ќе прават се, ќе се кријат зад лажен патриотизам за да избегнат одговорност, потенцира Филипче.

Можете да прочитате

Лимани: Нема доказ дека е водата – МВР тврди спротивно, АХВ воведе забрана!

Мицкоски на Пиво Фест во Прилеп

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди