Утрински Весник
Скопје

Град Скопје: Наместо да санкционираат, институциите поддржуваат криминал

Grad skopje.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Соопштение на Град Скопје

Наместо во истрага за криминалот, институциите во Македонија активно учествуваат, поддржуваат и поттикнуваат КРИМИНАЛ.


Општина Чаир вчера во 14.44 часот до Агенцијата за катастар на недвижнини поднеле Решение за поништување на Решението кое го издадале за криминалната легализација со фалсификувани документи што ја откривме. 

Решението го антидатирале демек е направено на 02.05.2025 за да изгледа дека постапиле пред целиот криминал да биде објавен јавно, ама не можат да покријат дека вчера им е поднесен во катастар неколку часа по нашите пријави во МВР.

Срамот да биде поголем во обидот за прикривање докази активно учествуваат Владата и Министерот за внатрешни работи кои наместо да “филозофираат”, треба да постапуваат за да ги фатат криминалците, а не да дозволат тие да ги покријат нивните криминали.

До сега требаше да сте во општината и да ги имате обезбедено сите докази а не да им дозволувате на Висар Ганиу и Изет Меџити да си ги покриваат криминалите и да уништуваат докази! 

Јавното обвинителство мора да постапи во разоткривање на криминалот кој се случува пред очите на целата јавност.

Можете да прочитате

Жичарницата на Водно затворена поради силен ветар

Ѓорѓиевски: Цементарница ,,Усје” не е единствениот проблем

До април Скопје добива 40 нови камиони за ,,Комунална хигиена”