Утрински Весник
Македонија

Мухамед Аљи е нов директор на Центарот за управување со кризи

Screenshot 20250527 111819 messenger.jpg

Денеска во 10 часот, во просториите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), досегашниот директор Стојанче Ангелов официјално ја предаде функцијата на новиот директор Мухамед Аљи, кој доаѓа од редовите на Дирекцијата за заштита и спасување.

Ангелов изрази уверување дека, иако новиот директор ќе се соочи со предизвик да го следи интензитетот на неговото досегашно работење, Аљи е подготвен да вложи максимални напори за брзо да се адаптира на сложената природа на кризен менаџмент.


Покрај Аљи, за заменик-директор на ЦУК е именуван Трајче Јовановски, кој е дел од Центарот од 2008 година и во моментов ја извршува функцијата помошник раководител на Секторот за аналитика, процени и стратешко планирање.

„Нека им е честит изборот на двајцата, им посакувам добро здравје и успешна работа“, напиша Ангелов, кој од денеска ја презема функцијата вршител на должност директор на Дирекцијата за заштита и спасување

Можете да прочитате

Муцунски на свечен настан во Стразбур по повод Денот на независноста и 30 години членство во Советот на Европа

Три години одлагања во процесот за Веапоска – делото застарува идната година!

Петровска: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?