Утрински Весник
Македонија

Мисајловски: Безбедносно-разузнавачката служба е столб на сигурноста

Photo 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денеска во Музејот на македонската борба беше одбележан Денот на воената безбедност и разузнавање. На одбележувањето беа присутни министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и останати генерали и високи претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

По повод денешниот ден министерот Мисајловски се обрати пред присутните при што истакна дека поради постојаните промени кои се случуваат на полето на безбедноста брзиот развој на технологиите и големиот број на хибридни закани од особена важност е да се има силна безбедносно – разузнавачка служба која ќе може да се спротивстави на сите овие влијанија.


„Директоратот за безбедност и разузнавање во одбраната е изграден од врвни професионалци кои секојдневно работат и придонесуваат кон нашата заедничка заложба – безбедна, сигурна, стабилна Македонија. Вие сте клучната алка во системот на одбраната која ја зацврстува безбедноста и сигурноста на нашите граѓани”, рече Мисајловски.

На настанот се обрати и Директорот на Директоратот за безбедност и разузнавање во одбраната, полковник Игор Јанкуловски кој им оддаде признание на припадниците на Воената служба за нивната професионалност и посветеност во исполнување на работните обврски за заштита на националните интереси.

„Разузнавањето денес не е само око во темнината – тоа е алатка за проактивно делување, штитот на државната сигурност, стожер на одбраната на суверенитетот и територијалниот интегритет  на државата, во ера на комплексни меѓународни предизвици” рече Јанкуловски.

Можете да прочитате

ДУИ осудува нечовечки третман на вработени во Министерството за меѓуетнички односи

СДСМ: Нов доказ за акцијата на ВМРО за уривање на СДСМ одвнатре 

СДСМ: Дали е ова новинар?