Утрински Весник
Свет

Трамп го продолжи рокот за трговски договор со ЕУ до 9 јули

1744390802 tramp.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп се согласи да го продолжи рокот за постигнување трговски договор со Европската Унија до 9 јули.

Трамп во петокот изрази незадоволство од текот на разговорите и се закани со 50-процентни царини на увозот од ЕУ почнувајќи од 1 јуни. Но, синоќа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на социјалната мрежа Икс објави дека разговарала со Трамп, кој се согласил да се задржи првичниот рок до 9 јули.


Трамп во изјава за новинарите потврди дека ја прифатил нејзината молба, додавајќи: „Ќе се состанеме наскоро за да видиме дали можеме да најдеме решение“.

Претходно, на почетокот на април, Трамп постави 90-дневен рок за трговски преговори меѓу САД и ЕУ, кој истекува на 9 јули.

Можете да прочитате

Мерц вети соработка со идниот француски претседател, без оглед на изборниот исход

Американската војска тврди дека уништила набљудувачка кула во иранското пристаниште Чабахар

Земјотрес од 7,4 степени регистриран крај брегот на Мексико во близина на Гватемала, издадено предупредување за цунами