Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова во посета на Италија и на Ватикан по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“

20250523091254 big 730x400 27.webp.webp

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во посета на Италијанската Република и на Ватикан и ќе ја предводи македонската државно-црковна делегација по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил”.

Денеска – 23 мај 2025 година, Сиљановска-Давкова ќе присуствува на молебенот во чест на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе”.


На 24 мај, сабота, претседателката ќе ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре”, каде што ќе положи венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј и ќе го посети гробот на папата Франциск.

Вечерта, во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил”, претседателката Сиљановска-Давкова ќе присуствува на концертот „Македонисимо” на Симон Трпчески, настан во организација на македонското Министерство за култура.

На 26 мај, понеделник, во Апостолската палата, Сиљановска-Давкова ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата Светост, папата Лав IV и ќе оствари средба со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин. Потоа, во Рим ќе има билатерална средба со претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела.

Во составот на македонската државно-црковна делегација којашто ќе ја предводи претседателката Сиљановска-Давкова, се предвидени Зоран Љутков, министер за култура и туризам; Елена Кузмановска-Биондиќ, државен секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија; Оливера Трајковска, директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи; митрополит тетовско-гостиварски г. Јосиф, епископ Стобиски г. Јаков од МПЦ-ОА и протојереј ставрофор отец д-р Зоран Стојанов од Католичката црква.

Можете да прочитате

Македонски Телеком со нови членови во Одборот на директори

Министерот Шабан Салиу излегува од притвор – ќе се брани од слобода

Арсовска добивала закани по живот