Утрински Весник
Македонија

Национален форум „Положбата и правата на жртвите на трговија со луѓе во кривичната постапка“

Human trafficking e1747982532768.jpg

Во организација на Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена порта – Ла Страда“ денеска во Скопје ќе биде одржан Национален форум насловен „Положбата и правата на жртвите на трговија со луѓе во кривичната постапка“, организиран во рамки на регионалниот проект SPOT-ON! Одговорност на државата за гонење на трговија со луѓе OFF/ON!.

Како што информираат од „Отворена порта – Ла Страда“, Форумот ќе ги обедини националните експерти, претставници од судството, обвинителството,  спроведувачите на законот, државни институции, амбасади, граѓанскиот сектор и академската  заедница за да ги разгледаат клучните наоди од правната анализа на судската практика и студии на случаи поврзани со трговијата со луѓе. Настанот ќе се фокусира на улогата и  третманот на жртвите во кривичната постапка, ќе поттикне препораки за обезбедување на  пристап насочен кон жртвите и ќе придонесе кон унапредување на националните политики и  практики за подобрен пристап до правда за жртвите на трговија со луѓе.


На отворањето на Форумот ќе се обратат Марија Ристеска од Центарот за истражување и креирање политики и Јасмина Димишковска Рајковска, извршен директор на „Отворена порта-Ла Страда“.

Во рамки на Форумот ќе биде презентирана и Националната анализа на судските пресуди и студии на случај за трговија со луѓе од правниот експерт Наташа Бошкова.

Проектот е поддржан од регионалниот грант на проектот „СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“, спроведуван од Centar za promociju civilnog društva (CPCD), Центар за истражување  и креирање политики (ЦИКП) и Институт за демократија и медијација (ИДМ), со финансиска поддршка од  Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка (NMFA).

Можете да прочитате

Македонски Телеком со нови членови во Одборот на директори

Министерот Шабан Салиу излегува од притвор – ќе се брани од слобода

Арсовска добивала закани по живот