Утрински Весник
Свет

Во Вашингтон се убиени Јарон и Сара, објави Амбасадата на Израел

20250522101020 big 730x400 39.webp.webp

Двајцата вработени во израелската амбасада, беа застрелани вчеравечер додека си заминуваа од настан во Музејот на еврејско наследство во Вашингтон, а осомничениот е 30-годишниот Елијас Родригез од Чикаго, кој сега е во притвор, соопштија официјални лица.

„Јарон и Сара беа наши пријатели и колеги. Тие беа во својот најдобар период.


Вечерва, тие беа застрелани и убиени од терорист додека си заминуваа од настан во Еврејскиот музеј во Вашингтон.

Целиот персонал на Амбасадата е скршен и потресен поради нивното убиство. Нема зборови со кои може да се опишат длабочината на нашата тага и ужасот поради оваа страшна загуба.

Нашите срца се со нивните семејства, а Амбасадата ќе им биде на располагање во ова ужасно тешко време“, соопшти израелската амбасада на X.

Шефот на метрополитенската полиција во Вашингтон, Памела Смит, изјави дека човекот отворил оган врз група од четири лица, убивајќи двајца. Тој бил виден пред Музејот пред пукањето.

Родригез е единствениот осомничен досега. „Кога беше приведен, тој извикуваше ‘Слободна Палестина, слободна Палестина’“, рече Смит додавајќи дека „по пукањето, влегол во Музејот и веднаш бил приведен од обезбедувањето. Му ставиле лисици, а тој им кажал каде го фрлил оружјето, кое веднаш било пронајдено, што довело до заклучок дека го извршил злосторството“.

„Осомничениот немал претходна историја на проблеми или контакт со полицијата“, рече Смит.

Израелскиот амбасадор во Соединетите Американски Држави, Јехиел Лајтер, изјави дека младиот човек што беше убиен „купил прстен оваа недела со намера да ѝ предложи брак на својата девојка во Ерусалим следната недела“.

Претседателот Доналд Трамп го осуди пукањето. „Овие ужасни убиства што се случија во Вашингтон, јасно засновани на антисемитизам, мора да престанат, СЕГА!“, напиша тој во порака на Truth Social. „Нема место за омраза и радикализам во Соединетите Американски Држави“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека е шокиран од убиствата.

„Срцето ме боли за семејствата на младиот маж и на младата жена, чии животи беа прекинати од ова гнасно антисемитско убиство. Наредив зголемени безбедносни мерки во израелските мисии во целиот свет, како и за владини претставници“, рече тој.

Израелскиот претседател Исак Херцог и американскиот државен секретар Марко Рубио го осудија инцидентот, а министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем напиша во објава на X: „Ќе го изведеме овој изопачен сторител пред лицето на правдата“.

Можете да прочитате

Момче избодено во училиште, родителите во паника дошле да ги земат своите деца во Берлин

Во Франција за четири дена уапсени 55 педофили

Ново правило за летовите до Турција – следи казна ако го направите ова