Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Синдикалната кошничка поскапува-народот осиромашува а власта не презема ништо!

1729672351 Market.webp.webp

Соопштение на СДСМ:

Поразителни се последните податоци, за само еден месец, синдикалната кошничка е поскапена за 1.217 денари. Само за храна и пијалоци, трошоците се зголемени за 954 денари. Денес, на едно четиричлено семејство му требаат речиси 64.000 денари месечно – само за преживување.


Ова е директна последица на неспособноста на власта која не презема ништо. Дебакл на економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.

Цените растат, платите стојат, мерки – нема!

Додека граѓаните се борат со скапотијата и бројат денари за да обезбедат леб до крајот на месецот, владата троши за октоподи, школки и лосос. Само во април и мај, СОЗР склучила милионски договори вредни 2.2 милиони денари за луксузна храна – додека народот преживува со кредити и одрекувања.

Ова не е политика, ова е грабеж!

СДСМ бара веднаш владата да ги прифати мерките за:

-Покачување на минимална плата на 500 евра

-Зголемување на платите во јавниот и приватниот сектор

-Укинување на ДДВ за храна за реално намалување на цените.

СДСМ останува на страната на граѓаните. Ќе се бориме за достоинствен живот, за реални плати и економија што работи за народот, а не за министрите.

Можете да прочитате

Чучуљ: Не би ја коментирал одлуката за случајот со мазутот, ДКСК не е надлежна да се меша во работата на Обвинителството

СДСМ бара оставка од Обвинителот Савевски по скандалот со телефонските нарачки од Мицкоски

Осомничениот од Старо Нагоричане прв сериски убиец на жени, обвинителството открива нови кривични дела