Утрински Весник
Свет

Трамп откри повеќе детали за американскиот систем за воздушна одбрана „Златна купола“

Zlatna kupola tramp3.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера откри повеќе детали за планираниот заштитен штит за воздушна одбрана на земјата, или „Златна купола“, наменет за одбивање дронови и проектили, пренесе ДПА.

Трамп рече дека системот вреден 175 милијарди долари ќе биде „целосно оперативен пред крајот на неговиот мандат“. Вториот мандат на Трамп треба да заврши во 2029 година.


Златната купола ќе се интегрира со постоечките одбранбени способности во САД, рече Трамп.

– Откако ќе биде целосно изградена, Златната купола ќе биде способна да пресретнува проектили дури и ако се лансирани од другата страна на светот и дури и ако се лансирани од вселената, додаде тој.

– Ова е многу важно за успехот, па дури и за опстанокот на нашата земја, нагласи Трамп.

Според него, Канада изразила интерес за учество во проектот.

Трамп потпиша извршна наредба, насловена „Железната купола за Америка“, за да го започне проектот само неколку дена по неговата инаугурација во јануари.

Оригиналната Железна купола е израелски ракетен штит, дизајниран на почетокот на 2000-те за пресретнување ракети со краток дострел, како и гранати и минофрлачи.

Можете да прочитате

Патнички авион од 400 милиони долари подарок од Катар за претседателот Трамп

САД повторно ќе ги прогласат Талибанците за странска терористичка организација?

Лавров: Русија нема да дозволи да биде измамена со примирје