Утрински Весник
Македонија

ИНРМ бара објаснување од ЕВН кој и како ја пресметува струјата

Struja Evn Merilo.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ве известуваме дека упативме Барање за доставување на податоци согласно Тарифниот систем за продажба на електрична енергија до компанијата ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, како универзален снабдувач со електрична енергија.

Во согласност со Тарифниот систем бр. 01-2437/1 од 17.11.2023 година, побаравме од ЕВН доставување на низа информации од суштинско значење за транспарентноста на процесот на формирање на цените на електричната енергија, меѓу кои се:


  • Финансиски извештаи и бруто биланси за 2023 и 2024 година,
  • Податоци за набавена и планирана електрична енергија за 2023, 2024 и 2025 година,
  • Број на домаќинства и мали потрошувачи, како и нивната потрошувачка во последните 12 месеци,
  • Локации на веб страните од јавно објавените предлог-одлуки и мислења од јавноста,
  • Објаснување за математичките методи за формирање на цените и применетите коефициенти.

Ова барање е поднесено поради сомневања за можни несогласувања во објавените цени и коефициенти при формирањето на цената на електричната енергија, за кои е потребно детално образложение и транспарентна проверка. Целта е да се обезбеди јавно одговорно и отчетно управување со процесот на одредувањето на цената, што е од исклучителен јавен интерес.

Очекуваме целосен одговор во рок од пет дена, идентично како роковите што се пропишано со Тарифниот систем при прибирањето на мислења и предлози од јавноста во врска со Предлог одлуките за цените кои ги носи универзалниот снабдувач ЕВН.

Можете да прочитате

Наутро студено, преку ден сончево со мала облачност

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода