Утрински Весник
Македонија

Светски ден на пчелата – 24info.mk

20250519152443 big 730x400 2.webp.webp

Пчелите денес опрашуваат над 80 проценти од земјоделските култури и влијаат врз производството на околу една третина од храната на целата планета. Покрај фактот дека без пчели нема да има опрашување на културите од кои зависи исхраната на луѓето, нема да има ниту опрашување на дивите некултивирани растенија кои придонесуваат за зачувување на биодиверзитетот и синџирот на исхрана во природата. Дивите некултивирани растенија што растат во природата придонесуваат за зачувување на екосистемот и синџирот на исхрана и тие исто така се опрашуваат од пчели. Ако пчеларите го изгубат интересот за чување и одгледување пчели, тоа автоматски ќе значи помалку пчели, помалку опрашување и помалку храна за целата планета.

Ова се само некои од последните согледувања на глобално ниво во пресрет на годинашниот Светски ден на пчелата, 20 Мај, чие мото е „Пчелите инспирирани од природата да нè хранат сите“.


Како што предвидува европското законодавство успешните граѓански петиции мораат да бидат разгледани од страна на Европската Комисија. Иницијаторите на петицијата за земјоделство кое ги негува

Според експертите, пчелите и останатите опрашувачи се неопходни за човековото постоење. Благодарение на над 20 000 видови пчели и разни други диви опрашувачи, се опрашуваат растенија кои ја сочинуваат основата на човековата исхрана. Опрашувачите сериозно ја помагаат одржливоста на земјоделството и биодиверзитетот. Сепак, губењето на живеалиштата, неодржливите земјоделски практики, климатските промени и загадувањето го загрозуваат здравјето и опстанокот на различните видови опрашувачи.

-Загадувањето на животната средина е еден од факторите кои негативно влијаат на пчелите, но не само во однос на нивното труење. Со зголемување на нивото на јаглерод диоксид во воздухот, се намалува нивото на протеини во поленот. Во делови од светот каде загадувањето е максимално и каде јаглерод диоксидот е во огромни количини во воздухот, има помалку протеини, иако има изобилство полен. Ова не е доволно за квалитетно хранење на пчелите. Пчелата стана главен опрашувач, бидејќи луѓето користејќи пестициди во земјоделството ги уништија сите диви опрашувачи кои ги опрашувале растенијата заедно со пчелите. Повеќе од 200 000 животински видови се опрашувачи, од кои огромното мнозинство се диви, вклучувајќи пеперутки, птици, лилјаци и повеќе од 20 000 видови пчели, наведуваат експертите.

Македонија и годинава се приклучува кон одбележувањето на Светскиот ден со посебен настан што го организираат хуманитарната и развојна организација АДРА Македонија, Амбасадата на Република Словенија и Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) заедно со децата од градинките на општина Гази Баба и студентите од ФЗНХ. Предвидена е богата програма за сите генерации, но и отворање на првиот Парк на пчелата.

-Прославата на Светскиот ден ќе фрли светлина врз виталните улоги на пчелите и другите опрашувачи во обновата на екосистемите, зачувувањето на биолошката разновидност и безбедноста на храната и исхраната. Ова е можност да ги засилиме нашите напори за заштита на пчелите и другите опрашувачи. Со тоа можеме да ги ублажиме ризиците од недостаток на храна, неодржлив земјоделски сектор и нарушен биодиверзитет, информираат организаторите.

По повод Светскиот ден на пчелата, Амбасадата на Словенија во соработка со АДРА Македонија објави и тематски квиз наменет за учениците од основните училишта, а најдобрите познавачи на пчелите ќе бидат наградени токму на овој настан.

Иницијативи за заштита на опрашувачите се спроведуваат низ цел свет, преку воведување иновативни земјоделски политики, едукативни кампањи, иницијативи за пошумување со медоносни растенија, натпревари за најдобри фотографии,…. Тој тренд го следи и земјава.

Можете да прочитате

Мицкоски: Трикови околу цените на храната нема да толерираме

Почнува реновирањето на Клиниката за гинекологија

Докторка сама собирала ластици кои ги нашла во аптеки низ Битола за да донесе за пациенти, иначе од болницата во Кочани нема