Утрински Весник
Македонија

Уште 11 пациенти од повредените во „Пулс“ се лекуваат во странство

Diskoteka Puls Pozar Kocani 22.jpg

Вкупно 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани се лекуваат во странство. Од нив во Грција се тројца и тие се во добра, стабилна состојба, во Србија се четворица пациенти исто така во добра состојба, во Австрија е еден, стабилен и сместен на одделение, во Словенија е еден кој веќе посетува рехабилитација, а во Турција се двајца пациенти префрлени на одделение, на кои редовно им се прават преврски, соопшти денеска заменик-министерот за здравство Јовица Андовски.

Како што информира на брифинг со новинарите, во изминатиот период тим експерти од Велика Британија спроведоа интензивни обуки на 45 здравствени работници за физикална и психолошка рехабилитација на пациентите.


Обуките беа спроведени во пет јавни здравствени установи, во Клиниката за пластична хирургија, физикална медицина во ГОБ “8 Септември” и во болниците во Штип и Кочани. По препорака на англиските експерти рехабилитацијата ќе биде во Кочани за повредените да бидат поблиску до својот дом, истакна Андовски.

На брифингот по кој е најавена и прес-конференција, се и директорот на ФЗО Сашо Клековски како и директорката на Клиника за пластична хирургија Јасмина Ѓорѓиевска Павловска.

Можете да прочитате

Лапе: Прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид во земјава, овчарот од Старо Нагоричане ќе се товари вкупно за шест убиства

Приведен охриѓанец, на сила одзел телефон на женско лице, нападнал полициски службеници и во домот поседувал дрога

Повредни две лица во сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и електричен тротинет управуван од шестгодишно дете