Утрински Весник
Скопје

Општина Аеродром одбележа 20 години постоење и 153 од раѓањето на Сандански

Image 2025 05 18 143823950.png

Денеска Општина Аеродром одбележа два значајни јубилеја – 20 години од своето постоењето, како и 153 години од раѓањето на еден од најголемите македонски револуционери ‒ Јане Сандански.

Токму во паркот што го носи името на овој значаен лик од македонската историја денеска се собраа десетици аеродромци од различни генерации и под пријатните сончеви зраци заеднички уживаа во пригодната програма.


Најпрво, в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, со претставници од општината, како и голем број други делегации, како од Советот на Општина Аеродром, така и функционери, но и претставници од училиштата, градинките и други здруженија на граѓани, положија цвеќе пред споменикот на големиот револуционер и војвода Јане Сандански.

Потоа свеченото одбележување продолжи со интонирање на химната од страна на хорот од ООУ „Блаже Конески“ и прекрасната изведба на оркестарот при ООУ „Лазо Ангеловски“, по што впечатлив и моќен настап имаа игроорците од културно-уметничкото друштво „Никола Јонков- Вапцаров“, кои се верни чувари на македонскиот фолклор и традиција.

Во рамките на денешната убава приказна, на многу аеродромци, наши жители, им беа доделени плакети, признанија и благодарници.

Аеродром е дом на многу успешни луѓе, кои со својата посветеност, труд и огромна љубов кон своите професии имаат постигнато врвни резултати во уметноста, културата, спортот и науката.

Огромна беше честа што тие беа дел од свеченоста и со својот углед и светско реноме претставуваат вистинска гордост за сите нас.

Признанија и благодарници добија и вработените во Општина Аеродром, кои неуморно работат на создавање уште подобри услови за аеродромци цели 20 години, а доказ за тоа дека светот останува на младите, беа и најмладите добитници, кои уште од најрана возраст нижат успеси во различни области.

Аеродром денеска уште еднаш покажа дека има со што да се гордее. Сите ние можеме да бидеме сигурни дека како и досега, така и во иднина ќе бидеме општина од која излегуваат огромен број таленти што достојно нѐ претставуваат во светот.

Изразуваме огромна почит и честитки до сите аеродромци што денеска беа дел од свечениот настан, како и до сите други што на свој начин придонесуваат за нашиот Аеродром да биде секогаш на врвот.

Нека е среќен роденденот на Општина Аеродром и нека остане вечен споменот за Јане Сандански.

Можете да прочитате

Јубилеен 10-ти пат урбаните моторџии низ скопските улици во знак на борбата за заштита на машкото здравје

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Сообраќајка предмалку во близина на Воен базен