Утрински Весник
Свет

Почина најсиромашниот претседател – светот се прости со Хосе Мухика

Img 9025.jpeg

Почина поранешниот претседател на Уругвај, Хосе „Пепе“ Мухика, на 89-годишна возраст, откако ја загуби битката со ракот, соопшти денеска владата во Монтевидео.

„Со длабока тага, објавуваме дека почина нашиот другар Пепе Мухика. Претседател, активист, водич и лидер. Многу ќе ни недостигаш, стар пријателе“, напиша актуелниот уругвајски лидер Јаманду Орси на социјалната мрежа X.


Мухика остана запаметен како култна фигура не само во Уругвај, туку и на глобално ниво, поради неговата скромност, човечност и политичка доследност.

Поранешен герилец, Пепе Мухика беше нарекуван „најсиромашниот претседател во светот“ затоа што одбиваше луксуз, донираше поголем дел од својата претседателска плата и возеше стар „Фолксваген Буба“ додека беше на функција од 2010 до 2015 година.

Познат беше и по своите остри критики кон конзумеризмот и материјализмот, заговарајќи едноставен живот и социјална правда.

За време на неговиот мандат, Уругвај донесе значајни прогресивни закони, вклучувајќи легализација на истополови бракови, абортус и канабис – чекори кои го ставија на мапата како еден од најнапредните лидери во Латинска Америка.

Хосе Мухика замина, но неговото дело и личност ќе останат инспирација за многумина ширум светот.

Можете да прочитате

Се наоѓаме најблиску досега до крај на војната во Украина, тврди американски дипломат 

Макрон: Не сакаме да почнеме трета светска војна

Дводневен неформален состанок на шефовите на дипломатиите на НАТО во Анталија