Утрински Весник
Свет

Келог: Ако Путин дојде во Истанбул, доаѓа и Трамп

Tramp Putin.webp.webp

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, пензионираниот генерал Кит Келог, изјави дека САД се надеваат дека Владимир Путин ќе дојде на преговорите во Истанбул.

Ако тоа се случи, рече тој, ќе дојде и самиот претседател Трамп.


– Сакаме да постигнеме сеопфатно примирје во Украина, а дури потоа да ги отвориме прашањата за териториите, рече Келог во интервју за Фокс Бизнис.

Американските медиуми претходно јавија дека одлуката на Трамп за доаѓање во Истанбул зависи од тоа дали Путин ќе се појави на преговорите. Администрацијата на Трамп денеска потврди дека ќе ги испрати Келог и Стив Виткоф во Турција за да ги претставуваат САД на потенцијалните преговори меѓу Русија и Украина

Можете да прочитате

Кина по првпат ја претстави нуклеарната „тријада“ на воената парада во Пекинг

Руте: Очекувам во Париз утре да се разјасни какви гаранции можеме да ѝ обезбедиме на Украина

Санчез: Двојните стандарди на ЕУ за Украина и Газа го поткопуваат кредибилитетот на Европа