Утрински Весник
Македонија

Сестрата на Фросина повика на протест: Таа нема олеснителна околност има само гроб

Protestfrosina.webp.webp

По денешната пресуда во Основниот суд во врска со прегазувањето на младата Фросина Кулакова, на Васил Јованов судот му изрече затворска казна од 12 години што предизвика револт кај семејството Кулакови. Реакција имаше веднаш од страната на таткото на Фросина, Тодор кој судот го нарече мафија, а сега се огласи и сестрата на Фросина, Росица која меѓудругото повика на протест.

“Оваа срамна пресуда е само уште еден триумф на праксата на неказнивост што ја негува нашето труло судство. 12 години за животот на Фросина. 12 години за масакрот на сестра ми што преминуваше улица на пешачки премин на зелено. 12 години за искршен череп, распарчено срце и уништена иднина.


Ова не е пресуда. Ова е плукање врз болката на цело наше семејство и врз болката на сите што ја сакаа Фросина. Во оваа фарса убијците добиваат милост, а невините жртвите завршуваат во правни архиви.

Кои се тие олеснителни околности? Дека не побегнал? Дека вриштел врз мртвото тело на сестра ми за последиците кои нејзината смрт ќе ги има на неговиот мизерен живот? Дека е “спортист”? Дека е жив? А Фросина? Фросина немаше ни една олеснителна околност. Фросина сега има само гроб.

Овој суд не донесе правда. Донесе јасна порака: во оваа земја, убиството се исплаќа

Ова не е пресуда што ја задоволува правдата. Ова е потсмев кон секој родител што плаче над гробот на своето дете. Ова е доказ дека во нашата судска пракса неказнивоста стана правило, а на правдата и се врзани рацете

Срам да ви е!
Ние нема да молчиме и од нашата болка правиме повик за промена. Излезете со нас на протест за да нема други мајки што ќе го носат товарот на неказнивост, за да нема повеќе откорнати невини животи. За да има правда за Фросина и за правда за сите! За сите кои утре може да завршат под тркалата на некој монструм. За сите што оваа држава ги предаде!

📍Се гледаме утре во 17.00ч пред Универзална Сала – на местото каде што на монструозен начин и беше одземен животот на Фросина по што ќе се упатиме кон судот кој денес, по втор пат ја уби.

Нека нашите чекори одекнат во име на правдата. Денес за Фросина, а утре и за сите останати потенцијални жртви на корумпираниот систем на неказнивоста.

❗️СУДИИ – УБИЈЦИ❗️

Можете да прочитате

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски овластен да предложи нови кадровски решенија

Пренџов: ДУИ нема да биде дел од Владата, сè додека таа е предводена од премиерот Мицкоски

Полицаец по 4 часа во кафана прегазил велосипедистка која почина – Семејството Цветкоски по две години неизвесност утре ја чека пресудата на судот