Утрински Весник
Македонија

Животот одамна нема вредност според законите на оваа држава, реагира таткото на Фросина

Todor kulakov tatko frosina.jpg

„Казната од 12 години затвор за вакво свирепо убиство е ништо друго освен награда за сторителот“.

Вака таткото на загинатата Фросина Кулакова, Тодор Кулаков, денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје ја искоментира пресудата за возачот Васил Јованов кој во јануари ја усмрти неговата ќерка удирајќи ја со автомобил.


– Само уште кога влегов во судницата забележав дека родителите на Васил Јованов се релаксирани. Дали тие ја знаеја висината на казната? Откако целиот овој случај е искасапен, не исклучуваме нашето незадоволство повторно преку протести да го изразуваме пред судовите и пред Судскиот совет. Тие штитат вакви криминалци од судии. Многумина на душа ќе ја носат Фросина. Бог нека им суди и нека им пресуди. Ние не се откажуваме – порача Кулаков.

„Убиецот Васо и останатите тројца во автомобилот се светци, а загубата на животот на Фросинче е едноставно е небитно. Животот одамна е докажано дека нема вредност според законите на оваа држава“, рече Кулаков во изјава пред Основниот кривичен суд-Скопје.

Таткото на Фросина порача дека „никој не обрнал внимание на повеќето сведоци кои биле прикриени и должни да одговараат пред законот за уништување на клучни докази.

На излегување од судницата Кулаков влезе во директна расправија со родителите на Васил Јованов.

Можете да прочитате

Муцунски на IDU Форумот во Загреб: „Европа мора да направи исчекор кон проширување”

Први и втори мај променливо и ладно време, локален дожд и планински снег

Алиша до Владата: Ни ветувавте повеќе, сега ни го скративте животот