Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Секторот за безбедност не смее да биде инструмент на етничка доминација и политички реваншизам

Dui 1.webp.webp

Соопштение на ДУИ:

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за последните случувања во МВР и АРМ, каде што на континуиран и систематски начин се врши деградација и исклучување на припадници на албанскиот народ од раководни позиции.


Последниот случај на разрешување на сите заменик-шефови Албанци и именувањето на блиски роднини на градоначалникот на општината во Полициската станица Бутел претставува не само институционален скандал, туку и опасен сигнал за враќање на ексклузивноста и дискриминацијата во најчувствителниот сектор – безбедноста.

Особено загрижува фактот што ова се случува токму во Бутел – една од најизразените мултиетнички општини во главниот град, каде што Албанците претставуваат значителен дел од населението.

Едноетничките и партиски назначувања во безбедносните структури, како и понижувачките деградации на професионални полициски кадри од албанска етничка припадност, го уриваат принципот на инклузивност – клучен столб на Охридскиот рамковен договор.

Токму присуството и фер застапеноста на Албанците во полицијата и армијата беа предуслов за стабилизирање на меѓуетничките односи по 2001 година.

Денес, сведочиме спротивен процес: демонтирање на механизмите на рамнотежа, што води кон обнова на недовербата и чувство на исклученост кај цела една заедница.

ДУИ апелира до Владата на Република Северна Македонија, до Министерството за внатрешни работи, како и до меѓународната заедница, особено до гарантите на Охридскиот договор, да реагираат веднаш и без двосмислености.

Секторот за безбедност не смее да биде инструмент на етничка доминација и политички реваншизам.

Ова не е само прашање на внатрешна кадровска политика – ова е прашање на стабилност, доверба и иднина на заедничката држава.

Можете да прочитате

СДСМ: Бојан Стојановски нека гласа за минимална плата од 500 евра, наместо да шири лаги за Филипче

ЦУК информира за 12 регистрирани пожари на отворен простор, од кои четири се активни

Димитриеска Кочоска: По подолг период економијата закрепнува, при што во првиот квартал растот од 3% е еден од највисоките во Европа и регионот