Утрински Весник
Македонија

Бендевска: Неприфатливо е ЗНАМ да седи во иста Влада со субјект кој се договара со ДУИ

Bendevska.png

За нас е неприфатливо да седиме во иста влада со субјект кој се договара со нереформирано ДУИ. Движењето ЗНАМ и во својата предизборна програма говореше за итна потреба од „дедуизација” на општеството. Под „дуизација” неподразбираме албанофобија, туку напротив, „дуизацијата” значеше систем на коруптивно и криминално владеење. Систем кој го разори институционалниот систем, рече денеска потпретседателката на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и потпретседател на Собранието Весна Бендевска.

На новинарско прашање како ја оценува владината коалиција, откако премиерот Христијан Мицкоски најави дека лидерот на едното крило од Алијанса за Албанците, Арбен Таравари си заминува од Владата, Бендевска рече дека премиерот вчера го соопштил својот став.


– Премиерот Мицкоски вчера го соопшти својот став, но Движење ЗНАМ – За наша Македонија во неколку наврати го кажуваше својот став. За нас е неприфатливо да седиме во иста Влада со субјект кој се договара со ова нереформирано ДУИ, рече Бендевска.

За тоа каква е комуникацијата со пратениците од крилото на Алијанса на Албанците предводено од Арбен Таравари и дали, можеби има некакви најави дека дел од нив ќе останат со мнозинството, Бендевска рече дека „членовите на Алијанса за Албанците не присуствуваа на координацијата и навистина ќе е неодговорно да тврдам што ќе се случи со пратениците“.

Во врска со изјавата, пак, на лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети дека Владата нема етнички легитимитет, со оглед на тоа што со владиното мнозинство остануваат само девет пратеници Албанци, потпретседателката на ЗНАМ истакна дека „оваа Влада е сѐ, само не моноетничка“.

– ДУИ отиде и понатаму и ја нарече оваа влада моноетничка. Еден политички субјект од четирите што ја формираа Вреди заминува. Остануваат три партии, сега здружени во еден политички субјект Вреди и оваа Влада е сѐ, само не моноетничка“, вели Бендевска.

Можете да прочитате

Петрушевски: Законот на СДСМ за Кочани е неприменлив и политички мотивиран, не е во интерес на граѓаните

Таравари: Доколку има сомнежи во тие што се во Владата, нема што да бараме таму

Бочварски: Со закон ќе помогнеме на семејствата од Кочани, но ВМРО е против