Утрински Весник
Македонија

МЗ Галичник бара итно да се санира патот во селото

326980737 987004908945306 6486041616948261598 n.jpg

Сакаме да ве информираме дека движењето низ Галичник се уште е во прекин од 27.04 кога се сруши потпорен зид на единствената пат-улица во Галичник со што целосно е прекинато движењето во Галичник, велат од Месната заедница.

„Укажуваме дека немаат пристап до домовите жители кои се со трајно живеалиште во Галичник како и Хотел „Неда” кој е оперативен економски субјект во Галичник. Месната заедница Галичник во рамките на своите капацитети оддржа повеќе состаноци со надлежни институции за брза санација и очекуваме наскоро соодветна реакција. Во овој момент подготвките за манифестацијата Галичка свадба 2025 на која покровител е Претседателот на Република Македонија се одвиваат во најдобар ред, но евентуалното одоговлекување на санацијата на патот е потенцијален ризик за безбедноста на учесници и на посетители на манифестацијата. Очекуваме дека надлежните инстутуции на државата кои веќе покажаа разбирање дека е потребна брза интервенција ќе отпочнат навремено со активности со цел санација и враќање во употреба на патот„ се вели во објавата на МЗ Галичник.


Можете да прочитате

Јаневска за манипулациите со оценки на УГД: Секогаш ќе има поединци што го злоупотребуваат системот, важно е дека се откриени

Девојката веќе еднаш се спасила бегајќи преку прозорец – момчето и се заканувало со смрт, а минувачи повикале полиција

Над 20.000 евра „заработиле“ две лица кои менувале оценки на УГД Штип, ОЈО бара притвор