Утрински Весник
Македонија

Левица оддаде почит на борците од НОБ – Честит ден на победата над фашизмот

Photo 2025 05 09 12 07 53.jpg

Соопштение на Левица:

Денес, 9 мај – Денот на победата над фашизмот, официјална делегација на Левица, составена од пратениците Амар Мециновиќ и Јована Мојсоска, заедно со раководителот на Црвена младина, Милица Давчева, положи свежо цвеќе и оддаде почит на вечниот покој на хероите на Партизанските гробишта во Бутел.


На овој ден, се потсетуваме дека слободата не е подарок, туку е резултат на пожртвуваната борба на илјадници храбри борци кои, под знамето на антифашизмот и народноослободителната борба, се исправија против окупаторите и нивните соработници. Секоја генерација има обврска да го чува тој аманет, да го продолжи тој пат.

Македонскиот народ и покрај сите историски неправди, поделби, репресии и обиди за негирање на неговото постоење, не потклекна, туку крваво ја избори својата слобода, национална самобитност и социјална правда. АСНОМ и НОБ се темелот на македонската државност – антифашизмот не е реторика, туку суштина на нашето постоење.

Во време кога новите облици на фашизам се обидуваат да ја замаскираат својата природа со евроатлантски флоскули и историски ревизионизам, кога се ставаат на рамниште жртвите и агресорите, а домашните власти молчат пред негирањето на фашистичката окупација – повеќе од кога било потребно е да се застане гласно во одбрана на историската вистина и народната чест!

Нашата борба не е завршена. Таа продолжува и денес во одбрана на социјалната правда, против капиталистичкото угнетување, против новиот империјализам, против неофашистичките тенденции кои се закануваат на секоја работничка класа и секој слободољубив народ.

Да не дозволиме никогаш да биде избришана крвавата, но достоинствена историја на македонскиот отпор!

Вечна слава на паднатите борци за слободна Македонија!
Еднаш победивме фашизам – ќе победиме пак!

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Венециското биенале ги поздрави СДС, успех за македонската делегација предводена од Љутков

Вистински резултати во борбата против корупцијата нема да се постигнат со поединечни случаи, туку со целосно менување на системот, смета Филипче

Денеска променливо облачно со сончеви периоди