Утрински Весник
Македонија

Средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со директорот на УНДП во Скопје Армен Григориан

Foto 2 1536x1023 1.jpg

Средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со директорот на УНДП во Скопје Армен Григориан
Кабинет на потпретседател на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците
Потпретседателот на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ оствари работна средба со делегација од канцеларијата на УНДП во Скопје, предводена од директорот Армен Григориан.

На средбата се разговараше на повеќе актуелни теми, а беше истакната важноста од продлабочена соработка помеѓу Министерството за односи меѓу заедниците и УНДП во насока на промовирање на довербата меѓу заедниците на Западен Балкан. Особено внимание беше посветено на унапредувањето на дигиталната писменост кај припадниците на заедниците во Македонија, како и на нивната поголема вклученост преку јавниот сервис на нивниот мајчин јазик. Дополнително, беше иницирана изработка на стратегија за одбележување на Денот на културните различности (21 мај), заснована врз светски добри практики, со цел нејзина успешна примена во национален контекст.


Двајцата соговорници се согласија дека соработката помеѓу Министерството за односи меѓу заедниците и УНДП претставува клучен елемент во напорите за градење и зајакнување на довербата меѓу различните заедниците. Преку заеднички активности и проекти, особено во рамките на иницијативата „ЕУ поддршка за градење на доверба на Западен Балкан“, се создаваат услови за инклузивност, меѓусебно разбирање и почитување на различностите, што е основа за стабилно и одржливо општество. Оваа соработка придонесува и кон унапредување на дигиталната писменост и медиумската застапеност на немнозинските заедници, зајакнувајќи ја нивната улога и глас во општеството.

Можете да прочитате

Мицкоски со честитка до новоизбраниот папа

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион, вели Томовски