Утрински Весник
Македонија

ЕУСАИР Форум на Крит – Муртезани: „Преку соработка и поврзаност до заедничка европска иднина“

Foto3.jpg

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во рамките на 10-тиот Годишен форум на ЕУ Стратегијата за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), денеска во Грција, учествуваше на Министерскиот состанок на Јадранско-јонскиот совет и на Панелот на министри за ЕУ фондови, каде имаше свое обраќање.

MK Summit

На Министерскиот состанок на Јадранско-јонскиот совет, министерот Муртезани ја истакна важноста од засилување на регионалната соработка во услови на сè посложени глобални и геополитички предизвици. Тој го поздрави ревидираниот Акциски план на ЕУСАИР како конкретна алатка за посилно локално влијание, особено со вклучувањето на проширувањето како хоризонтален приоритет. Според него, оваа Стратегија претставува платформа преку која земјите-кандидатки за членство во Унијата можат поефективно да ги унапредуваат реформите, да ги мобилизираат достапните инструменти на ЕУ и да ја продлабочат регионалната интеграција. Тој ја истакна подготвеноста на Северна Македонија да предводи со посветеност и визија во рамките на своето прво претседателство со ЕУСАИР и Јадранско-јонската иницијатива.


На Панелот на министри одговорни за ЕУ фондови, министерот Муртезани се осврна на новиот, петти столб на стратегијата, социјалната кохезија, нарекувајќи го суштински двигател на процесот на европска интеграција. Тој подвлече дека европската иднина не се гради само преку институционални процеси, туку преку создавање услови за достоинствен живот таму каде што граѓаните живеат. Северна Македонија, како координатор на Столб 2 „Поврзување на регионот“, во својата програма најави иницијативи за модернизација на прекуграничната инфраструктура, дигитална инклузија и вклучување на младите, како дел од посеопфатна визија за трансформација на регионот. Тој посочи дека Стратегијата не смее да остане само рамка, туку мора да стане вистински двигател за европеизација, со соработка што не е само физичка, туку и институционална и општествена.

Муртезани порача дека ЕУСАИР мора да биде мост меѓу формалните процедури и вистинските резултати, преку младинско учество, инклузивни инвестиции и силна регионална поврзаност – како предуслов за одржлива иднина во која разликите меѓу земјите -кандидатки и земјите-членки во Европската Унија, се сè помали.

Можете да прочитате

Поради нехуман третман на животните АХВ времено го затвори стационарот Лана во Струмица

Почина д-р Славица Трајкова – инфектолог и борец на првата линија во борбата со Корона вирусот

Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Support Kocani