Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд

Vreme.webp.webp

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

MK Summit

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.


И во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. До петок ќе дува умерен до засилен јужен ветер и температурите ќе бидат без поголема промена, а од сабота со засилен северен ветер ќе бидат во опаѓање.

Можете да прочитате

Обука на специјална единица на Армијата на Белгија во Охрид и Радожда од 7-ми до 20-ти февруари

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Муцунски од Дубаи: Отворени се нови можности за соработка, бенефитот ќе го почувствуваат граѓаните