Утрински Весник
Македонија

Средбата Мицкоски-Таравари во 17 часот, за премиерот постојат само две опции

Mickoski taravari.jpg

Средбата на премиерот Христијан Мицкоски со Арбен Тарвари околу актуелните политички случувања ќе биде денеска во 17 часот во рамки на Владата.

MK Summit

Премиерот Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Општина Штип, рече дека на средба би сакал да слушне од Таравари за која опција е тој, порачувајќи дека „со или без господинот Таравари Владата е стабилна, цврста и со големо мнозинство“ и оти останува на него и неговите сопартијци да одлучат дали, како што рече „ќе одиме по патот на реформи и владеење на право, борба за праведно општество и институции кои функционираат или ќе се придружат и коалицираат со оние политички сили кои со години ја криминализираат и уништуваат државата“.


-Генерално би сакал да слушнам како размислува во делот на последните случувања во јавноста. По мене има, две опции за избор. Едната е оваа што ја нуди оваа Влада, на реформи, на промени, на испорака за граѓаните и втората опција е онаа која што години наназад, повеќе од две децении ја криминализираше државата, ги уништуваше институциите и практично ја клекна државата и граѓаните. Тоа е изборот, нема трета опција. Би сакал да слушнам од господинот Таравари која опција за него е, бидејќи јас не гледам трета опција, изјави премиерот Мицкоски.

Во однос на неговите лични односи со Таравари, Мицкоски рече дека во политиката комуницираат долго време и како човек има позитивно мислење, нагласувајќи дека „никого во животот не сум молел, ниту пак имам намера да молам“.

-Но, во политиката образот е нешто што го имаш или го немаш. Тука нема флуидни варијанти. Или имаш или немаш. Или држиш до зборот или не држиш до зборот. Јас мислам дека во неговиот случај најмалку три пати сум покажал и сум го држел зборот. И кога имало моменти, кога можеби имало и дилема во рамките на раководството на партијата. Затоа задкулисни игри се провидни игри, лесно се идентификуваат и познаваат и најчесто ваквите задкулисни игри им се удираат од глава на оние кои што ги прават, изјави Мицкоски.

Можете да прочитате

Мециновиќ: Љутков нема одговор за непочитувањето на Законот за македонски јазик

Награда за животно дело за актерката Снежана Конесвки – Руси

Девет од македонските кандидати за судија во Стразбур испаднаа по првата проверка