Утрински Весник
Свет

Трамп се закани со воведување царини од 100 отсто на филмови произведени во странство

20250505085317 big 730x400 78.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп, во продолжението на својата „царинска војна“, најави дека ќе воведе царини од 100 отсто за филмови произведени во странство.

MK Summit

Трамп во објава на својата платформа Трут Соушал синоќа рече дека одобрил Министерството за трговија и Канцеларијата на американскиот трговски претставник да воведат царини од 100 отсто за „секој и сите филмови“ што доаѓаат во САД, а чија продукција е во „странство“.


– Филмската индустрија во Америка умира со многу брза смрт, напиша тој и укажа дека многу земји нудат разни видови стимулации за да ги одвлечат филмските режисери и студија од САД.

– Ова е здружен напор на други земји и според тоа закана за националната безбедност. Тоа е, покрај сè друго, испраќање пораки и пропаганда, додаде тој.

Засега не е јасно како може да се примени таква царина на меѓународни продукции. Често за големи, но и за некои мали филмови, заедно се вклучени продукции од САД и од други земји. Високобуџетските филмови како најновиот „Невозможна мисија – Конечна одмазда“ се снимени низ целиот свет.

Програмите за стимулации се однесуваат на тоа каде се снимени филмовите, и сè повеќе филмската продукција се преместува надвор од Калифорнија во други американски држави и други земји со поволни даночни услови, како што се Канада и Велика Британија.

Сепак, царините се наменети да ги доведат потрошувачите кон американските производи. Во киносалите во САД, убедливо доминираат филмови произведени во Америка.

Можете да прочитате

Мишел Обама призна дека користела „ќотек“ како воспитна мерка

Од денеска „Скајп“ заминува во историјата

Здравствените проблеми на Вучиќ и Фицо причина за медиумски шпекулации поврзани со нивното присуство на парадата во Москва