Утрински Весник
Македонија

Плитка фронтална долина во Македонија носи врнежи, грмежи и локално невреме!

Meteoalarm.mk 11 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) територијата на нашата Република Македонија ќе биде под влијание на плитка фронтална долина која позначително ќе ја дестабилизира атмосферата кај нас.


Во ваква ситуација, локално ќе се создаваат конвективни облачни јадра кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради високите температури кои ги имаме овие денови, атмосферата е повеќе загреана, па така локално ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со појава на град.

И во делови од Скопскиот регион од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме.

Температурите за време на овој период постепено и секојдневно ќе опаѓаат, што значи дека полека ќе навлегуваме во период со значително пониски температури кои ќе бидат потпросечни за мај.

Апелирам, во погоре споменатиот период, во случај на појава на невреме  и на електрични празнења, да се избегнува претстој на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, автомобилите да се заштитат, односно граѓаните истите да избегнуваат да ги ставаат под дрвјата.

Можете да прочитате

 Сиљановска-Давкова денеска ја прими директорката на новоформираната Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА

Средба на Сиљановска-Давкова со Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот 

Полицијата приведе девет возачи за безобѕирно возење