Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Минатото се нарекува ДУИ, европската иднина се нарекува ВЛЕН

Vlen.webp.webp

Соопштение на ВЛЕН:

MK Summit

Помина речиси една година откако на посветениот политички субјект ВЛЕН му беше доверено да владее и да ги донесе промените што албанските граѓани во Северна Македонија толку упорно и со право ги бараа. Во овој период, ВЛЕН докажа преку работа и дела дека е коалиција на вистината, посветеноста и напредокот.


Во исто време, ДУИ нон грата, партијата која две децении ја уништуваше довербата, ги блокираше надежите и злоупотребуваше моќ, не престанува да шири лаги, страв и пропаганда. Пред ВЛЕН да ја преземе власта, ДУИ нон грата се обиде да го исплаши народот со лаги дека Законот за употреба на јазиците ќе биде укинат, дека изградбата на Коридорот 8 ќе биде запрена и дека ќе следат регресија и институционален хаос.

Денес, по речиси една година влада на ВЛЕН, секој граѓанин може јасно да види: ниту една од овие лаги не стоеше. Законот за јазици е позагарантиран од кога било. Коридорот 8 е на вистинскиот пат со високи стандарди и без корупциски афери. Реформите одат напред, а Албанците се достоен дел од институциите.

Лагите на ДУИ нон грата паднаа настрана. Она што остана од неа е само очаен опозициски глас кој живее со страв од правдата и сеќавањето на моќта што ја користеше за лично збогатување.

ВЛЕН не дојде да молчи пред клеветите. Тука сме да ја изнесеме вистината на виделина, еднаш засекогаш да ја одвоиме политиката на служење на граѓанинот од политиката на семејните кланови и сомнителните зделки.

Граѓаните веќе разбраа: минатото е ДУИ, сегашноста и иднината е ВЛЕН.

Можете да прочитате

Утре средба Мицкоски-Таравари – 24info.mk

Температурен шок од следната недела на Балканот: Следува подолг период на променливо време

Едноминутен молк пред дискотеката „Пулс“ во Кочани од над 300 спортисти