Утрински Весник
Свет

Полицијата го затвори автопатот Ерусалим-Тел Авив поради пожар кај Ерусалим

20250430135243 big 730x400 13.webp.webp

Израелската полиција денеска го затвори автопатот Ерусалим-Тел Авив и ги евакуираше жителите долж тој пат поради пожар во областа, која веќе беше загрозена од пожар пред една недела.

MK Summit

Градовите на околу 30 километри западно од Ерусалим се евакуирани, јавија израелските медиуми, прикажувајќи снимки од пожарникари кои се борат со пламенот.


Високата температура и силните ветрови предизвикаа брзо ширење на пожарот во шумските области, што доведе до евакуација на најмалку пет места, се наведува во соопштението на полицијата.

– Екипи на итна помош, единици за интензивна нега и возила за итни интервенции пружаат медицинска поддршка на пожарникарите во близина на Неве Шалом и Ештаол, пошумени области западно од Ерусалим, се наведува во соопштението на службата за итни случаи и се додава дека нема жртви.

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир, кој ја надгледува противпожарната служба, го посети местото на пожарот, се вели во соопштението.

Минатата недела, додека пожарите во истата област се приближуваа кон Ерусалим, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека го разгледува барањето за меѓународно засилување пред пожарите конечно да бидат ставени под контрола.

Пожарите се чести во Израел во текот на пролетта и летото поради високите температури.

Можете да прочитате

Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди Чиле

Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе во Турција

Четири лица загинале, а 14 повредени во пожар во станбена зграда во Франција