Утрински Весник
Македонија

Крмов и Мојсоска излегоа од Собрание да разговараат со родителите на загинатите деца во Кочани

Img 20250429 wa0029.jpg

Пратениците Крмов и Јована Мојсоска излегоа од Собранието за да ги слушнат ожалостените родители, кои се собраа пред Собранието. Крмов се обиде да ги смири кажувајќи им дека од Левица побарале Собранието да ги отвори вратите за да влезат и да ја следат интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски или пратениците да излезат надвор.

„Нека нè затворат, штоа ако нè затворат, ние и така сме веќе утепани. Зошто не излезе премиерот кој платил 400.000 евра да му го мерат рејтингот. Зошто не излезе Тошковски, обвинителот Коцевски…


Го прашаа пратеникот Крмов што да прават, а тој им рече дека им преостанува само да вршат притисок.

„Граѓанска војна ли да правиме“ прашаа родителите.

Можете да прочитате

Николоски: Го изградивме експресниот пат Градско – Фариш

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Викендов повторно над 40 степени, во недела (6 јули) локално силно невреме