Утрински Весник
Свет

На Евровизија годинава ќе може да се вее палестинското, a знамето на ЛГБТ заедницата e забрането

Bazel 413265 417138 420719 431883.png

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) усвои нови правила во пресрет на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија. Според изменетите прописи, публиката годинава ќе смее да вее палестински знамиња, што минатата година предизвика политички полемики.

Но, тоа не е се – тие ги забранија и сите ЛГБТК+ знамиња, што налути многу активисти. Затоа, на изведувачите оваа година ќе им биде дозволено да ги носат само знамињата на земјите што ги претставуваат на сцената.


Забраната за носење знамиња за изведувачите ќе се применува на сцената, во фан зоната, во зелената соба и официјалните површини каде натпреварувачите ги чекаат резултатите. Групите за права на ЛГБТК+ веќе ја критикуваа одлуката, тврдејќи дека знамето на виножитото претставува личен идентитет наместо политичка изјава.

Швајцарскот победник Немо минатата година носеше небинарно жолто-бело-виолетово знаме за време на парадата на знамето. На еден од панелите по победата рече дека морале да го прошверцуваат оти организаторите им го забраниле споменатото знаме. Неколку фанови го пробаа истото во публиката, но обезбедувањето ги натера да ги фрлат знамињата пред да влезат во салата.

Оваа година на Евровизија ќе учествуваат неколку изведувачи кои припаѓаат на ЛГБТК+ заедницата. Меѓу нив се Миријана Конте (Малта), Џеј Џеј (Австрија), Ерика Викман (Финска), како и хрватскиот претставник Марко Бошњак.

Можете да прочитате

Три лица убиени во пукотница во фризерски салон во шведскиот град Упсала

Администрацијата на Трамп ги ублажува царините за автомобилски делови

Трамп: Јас ја водам Америка, но и светот