Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Се „крчка“ новата потрошувачка кошничка, Ристески: Има време да откриеме детали

20250429112602.jpeg
Dik 300x250 mk

Се надевам дека поучени од минатото, сите учесници во ланецот на трговија се научија дека граѓаните и заштитата на животниот стандард треба да бидат на прво место. Сите треба да го заштитиме стандардот односно да не правиме вештачко подигнување на цените и инфлацијата кога нема економски прилики за тоа, изјави денеска заменик-министерот за економија, Марјан Ристески по завршувањето на мерката за замрзнати цени и ограничени маржи.

Околу новата потрошувачка кошничка, Ристески вели дека е при крај и треба да оди на наредни филтри, како што е Економско-социјалниот совет. Потоа ќе биде презентирана пред јавноста. Потрошувачката кошничка ќе ја изработува Министерството за економија.


Не би можел да откријам сега. Има многу работи, тоа се квалитетни информации од Државниот завод за статистика и Државниот пазарен инспекторат. Еве само да кажам дека цените на основните прехранбени производи ќе се користат од повеќе маркети од различни делови на земјата. Имаме време да ги откриеме. Не можам да кажам додека не поминат сите филтри, рече Ристески.

Она што засега се знае дека новата кошничка повеќе нема да се вика минимална, туку просечна. Се уште не е дефинирано дали кошничката ќе биде за три или четиричлено семејство.

На ова реагираа и дел од бизнис заедниците кои сметаат дека во овој дел не треба да има измени.

Се знае и дека нема да се пресметуваат цигарите и алкохолот, но овие производи и досега не беа дел од кошничката која ССМ ја објавува секој месец.

Можете да прочитате

Мицкоски: 35 години ВМРО-ДПМНЕ Куманово – град на хероите, достоинството и силниот дух

Утревечер ѕвездено небо над Штип во чест на Панчо, светлината што никогаш нема да згасне

Филипче: Во програмата на Бузлевски никој не е заборавен, со него Ресен повторно ќе се развива