Утрински Весник
Македонија

Тошковски пред матурантите: Безбедното учество во сообраќајот е многу значајно и обврска на сите нас

5 8.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати пред матурантите на средното училиште АСУЦ „Боро Петрушевски” во Скопје, во рамки на кампањата „Да ја подигнеме сообраќајната свест кај младите – 2025, на матурска вечер без автомобил”. Ваквите кампањи традиционално ги организираат заеднички Министерството за внатрешни работи, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност – Скопје, со кои се насочува вниманието на потребата од безбеден сообраќај, значењето на човечкиот живот и доследното почитување на сообраќајните правила од сите учесници во сообраќајот и како пешаци и како возачи.

Пораката што ја пренесе министерот Тошковски до младите матуранти е дека безбедното учество во сообраќајот е многу значајно и е обврска на сите нас.
„Немојте да си дозволувате да управувате возило и да бидете учесници во рамките на сообраќајот, а притоа да не ги почитувате правилата. Правилата се напишани и се создадени за да ги заштитат човечките животи. Ако сите ние при секое застанување на црвено, поминување на улица, при секое влегување во возилото, ги почитуваме правилата, верувајте ми дека сите овде ќе имаме подобар живот. Секој што се огрешил пред законот, а притоа има докази за тоа, ќе одговара. Никој не е и не може да биде над законот и правилата. Почитувајќи ги правилата, секој еден што го гледаме околу нас, ќе биде побезбеден во рамки на сообраќајот”, потенцираше министерот Тошковски.


Министерот Тошковски на крај истакна дека само младите луѓе ја имаат енергијата, силата и знаењето да ја донесат позитивната промена на подобро за нашата убава Македонија.

Можете да прочитате

Во чест на Павел Христов херојот кој го загуби животот во Пулс: Најблиските организираа меморијален собир со автомобили (ВИДЕО)

Гаши не планира да покрене постапка за разрешување на првата антикорупционерка Димитровска, додека судски не се докаже дека е виновна за корупција

СДСМ бара оставка од Тошковски откако тој го призна скандалот со братот на Стефковски