Утрински Весник
Свет

Рубио тврди: Американските деца не се депортирани, нивните мајки се

E6dda863 98f4 4dc5 91fb 51773c83f776.jpg

Државниот секретар Марко Рубио изјави дека три мали деца, на возраст од 2, 4 и 7 години, сите американски државјани кои ја напуштиле земјата во последните недели, не биле депортирани, туку отишле со своите мајки во Хондурас.

Децата, од две различни семејства, биле качени на лет до централноамериканската земја со нивните мајки на 25 април, објавија бројни американски медиуми.


Според „Вашингтон пост“ и „Асошиејтед прес“, четиригодишното дете, кое страда од рак во четврти стадиум, сега е без пристап до лекови и без контакт со лекари. Децата на возраст од 4 и 7 години се брат и сестра.

Новинарката на Ен-би-си Њуз, Кристен Велкер, се присети на случајот во интервју со Рубио на 27 април во емисија. Рубио ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи го насловот на „Вашингтон пост“ погрешен.

„Три американски државјани, на возраст од четири, седум и две години, не беа депортирани. Нивните мајки, кои беа нелегално во земјата, беа депортирани. Децата отидоа со нив“, рече Рубио.

Тој додаде: „Доколку овие деца се американски државјани, тие можат да се вратат во Соединетите Држави ако нивниот татко или некој друг сака да го преземе старателството над нив“.

Можете да прочитате

Прекин на струјата во Шпанија и во Португалија денес, не работат семафорите, метро-станиците, без струја се и главните градови

Слушателите на радио-станица останаа без зборови: По шест месеци открија дека нивната омилена водителка воопшто не постои

Договорот за минерали со Вашингтон нема да ја вклучува претходната помош