Утрински Весник
Македонија

Палевски денеска на вкрстено испрашување за убиствата на Вања и Панче

Sudenje Palco.jpg

Во Основниот кривичен суд денеска во 10 часот продолжува судењето за свирепите убиства на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски. Првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо ќе одговара на вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната.

Палевски на претходните рочишта ја негираше вината, нарекувајќи ги доказите против него манипулативни и нецелосни. Тој тврдеше дека на денот на убиствата бил зафатен со приватни обврски и партиски состаноци, и дека немал контакт со останатите обвинети.


Адвокатот на Палевски, Јовица Страшевски, изјави дека постојат сериозни несогласувања меѓу доказите и исказите на Обвинителството, нарекувајќи го денешното рочиште „клучно“ за расветлување на случајот.

Досега во судската постапка сведочеа обвинетите Велибор Манев, Влатко Кешишев, Боре Видевски, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

Според обвинението, групата планирала да ја грабне 14-годишната Вања за да изнуди откуп од нејзиното семејство, додека Панче Жежовски бил киднапиран за да се искористи неговото возило за извршување на киднапирањето.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Македонската дијаспора е жртва на блокадата на СДС, Левица и ДУИ 

Тројца управители и фирма осомничени за даночно затајување и прикриена продажба од 14,5 милиони денари

Левица: Работниците умираат – Мицкоски се смее!