
Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) денеска ќе го одбележи 28 Април – Светскиот ден за безбедност и здравје при работа и ќе го презентира Годишниот извештајза случени несреќи и повреди на работните места во 2024-та.
Како и во минатите години, во парк во Аеродром, ќе бидат засадени дрвца во спомен на загинатите работници на работните места.
Светскиот ден за безбедност и здравје при работа е востановен од Меѓународната организација на трудот за да ја промовира превенцијата од несреќи, повреди и професионални болести на глобално ниво.
-Станува збор за кампањи за подигање на свеста наменета да се фокусира меѓународното внимание на новите трендови во областа на безбедноста и здравјето при работа. Темата на кампањата на МОТ за 2025 година е „Нова ера во здравјето и безбеноста: Улогата на вештачката интелигенција и дигитализацијата на работното место“, информира МЗЗПР.