Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди

Vreme 8.webp.webp

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните и јужните делови од земјава ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.


Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 23 степени.

Според прогнозата на УХМР, времето во следните денови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер.

-Во вторник и среда утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во постепен пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Можете да прочитате

Филков : Сите закони кои се дел од реформската рамка се подготвени или се во финална фаза на усвојување

МЗ Галичник: Итно да се санира патот, претставува опасност за жителите и туристите

Универзитетското студентско  собрание на УКИМ го поддржува протестниот марш “Марш за ангелите” поттикнат од трагедијата во Кочани