Утрински Весник
Македонија

Гаши: Нема потреба од парламентарни избори

Afrim Gasi Nasa Sobranie 696x534 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Собранието, Африм Гаши во интервју за „Радио Слободна Европа“ вели дека мнозинството во Парламентот е стабилно. Според него парламентарните избори треба да се одржат во редовен термин.

„Мнозинството е многу стабилно, веќе околу две третини имаме. Од друга страна, локални избори се наближуваат, но мислам дека не треба да не фаќа така секогаш изборна треска и адреналин дека мора да правиме избори за се. Мора да ги сфатиме локалните избори по природата, какви се и тие во суштина. Се разговара за канализација, за водовод, за почисти патишта, осветлување и мислам дека не треба високата политика да ја вметнеме во делот на локалните избори“, вели Гаши.


На прашањето дали очекува да останат во Владата нивниот коалициски партнер – Алијанса за Албанците и Таравари, Гаши вели дека тоа е работа која ќе ја одлучат политичките лидери од Влен. Веќе има најави за окрупнување или хомогенизација на Влен во една политичка партија, додаде тој.

Можете да прочитате

Филипче: Време е за единствен граѓански фронт за правда

Безживотно тело на маж пронајдено во двор во Драчево

Манасиевски: Сите против Филипче – Филипче за нигде!