Утрински Весник
Македонија

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Владата е стабилна и силна, општинските комитети мотивирани, се очекува огромна победа на изборите

Czk na vmro dpmne 10.jpg

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ одржа редовна седница, на која се дискутираше за актуелната состојба во државата и подготовка за избори. Констатирано е дека владата е стабилна и силна, и дека ги исполнува очекувањата на граѓаните, и покрај бројните предизвици и општата економска катастрофа која беше наследена, информираат од партијата.

– Општ став е дека се вложуваат сите сили Македонија да се стави на брза трка за економски раст и развој.


Генералниот секретар Сајкоски го информираше претседателот и партијата дека општинските комитети се силно мотивирани и подготвени за избори, на кои се очекува огромна победа.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека Македонија ја очекуваат успеси и добри резултати кои се последица на реформите преземени во изминатиот период, и дека целта е економска стабилност и просперитет на сите граѓани.

Претседателот Мицкоски информираше исто така дека во идниот период продолжуваат испитувањата и мерењата на јавното мислење за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, кои покажуваат неколукратна предност пред политичките конкуренти, но и дека треба да исполни одговорноста на преземените ветувања пред граѓаните, се вели во партиското соопштение.

Можете да прочитате

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила

Пожар кај Психијатриската болница „Скопје“, ситуацијата е стабилизирана