Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Екс градоначалникот Коневски повикува да се доврши црквата „Св. Троица“ во Аеродром

Crkva aerodrom.jpg
Dik 300x250 mk

Поранешниот градоначалник на општина Аеродром на социјалните мрежи повика да се доврши изградбата на црквата „Света Троица“ кој започна со изградба во време на неговиот мандат, во 2015 година.

„Во непосредна близина на Спортскиот центар Јане Сандански и Паркот на езерата, во 2015 година почна изградбата на Руската црква Св. Троица. Оваа црква според одобрението за градба е предвидено да има и капела Св. Георги Победоносец, во чест на паднатите борци и што е многу важно, беше планирано да има и кујна за бездомни лица.


Но, за жал, црквата остана недоградена и претставува лоша слика за овој дел од Аеродром, кој е многу посетуван и од домашни и од странски гости поради Спортскиот центар и Паркот на езерата. Ова запуштено место претставува и опасност при движењето, посебно во вечерните часови. Затоа упатувам апел до локалната самоуправа да помогне во доизградба на овој православен храм и со тоа да се добие уште едно убаво место во Аеродром“ вели Коневски.

Можете да прочитате

Шукова: Време е за резултати уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Меџити од централниот митинг во Чаир: Ја прифатив улогата на слуга на народот и подготвен сум да работам до крај

Османи: Општината е претворена во партиско седиште, партиски состаноци се држат во советот