Утрински Весник
Свет

Германија, Франција и Велика Британија бараат хуманитарен пристап до Појасот Газа

20250424072008 big 730x400 51.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Германија, Франција и Велика Британија итно го повикаа Израел да ја укине блокадата за испорака на хуманитарна помош за Појасот Газа, која е на сила повеќе од 50 дена.

„Палестинските цивили, вклучително и еден милион деца, се соочуваат со акутен ризик од глад, епидемија и смрт. Ова мора да се запре“, се наведува во заедничката изјава на трите земји објавена синоќа.


Израел мора да им дозволи на Обединетите нации и хуманитарните организации пристап до затворената крајбрежна зона за да можат безбедно да работат таму, се наведува во извештајот.

„Хуманитарната помош никогаш не смее да се користи како политичко средство… Израел според меѓународното право е обврзан да дозволи непречен премин на хуманитарна помош“, се додава во соопштението.

Исто така, додаваат трите земји во својата заедничка изјава, палестинското исламистичко движење Хамас не смее да ја пренасочува помошта за своја финансиска корист или да користи цивилна инфраструктура за воени цели.

Трите европски земји ги осудија изјавите на израелскиот министер за одбрана Израел Кац за желбата за трајна окупација на Појасот Газа.

„Палестинските територии не треба да се намалуваат или демографски да се менуваат“, порачаа Германија, Франција и Обединетото Кралство.

Портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи категорично ги отфрли обвинувањата дека Израел ја политизира хуманитарната помош. Тој изјави дека Израел е должен да дава помош само доколку цивилното население не е соодветно снабдено, што, според него, не е така, што е во спротивност со извештаите на ОН и другите хуманитарни организации.

Можете да прочитате

Белгија ги замрзнува платите на пратениците во следните четири години

Остатоци од украински дрон предизвикаа пожар во руска рафинерија во Славјанск

Стармер: Разгледуваме испраќање војници во Украина