Утрински Весник
Македонија

Струмица и Кочани со здружени сили: Потпишан меморандум за институционална поддршка

493310797 1158324162972788 3438399461352376390 n.jpg

Струмица ја демонстрира својата солидарност и подготвеност да помогне – градот застанува рамо до рамо со Кочани во тешките денови по трагедијата. Денеска беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Општина Струмица и Општина Кочани, со кој струмичани официјално понудија институционална и експертска поддршка.

Градоначалникот на Струмица, заедно со в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, се согласија дека од солзите и тагата мора да произлезе и акција, знаење и заедничка посветеност за подобра иднина.


На средбата присуствуваа и претставници од струмичките сектори за урбанизам, инспекциски служби, локален економски развој, како и стационарот „Лана“, кои ги споделија своите практични искуства со колегите од Кочани. Оваа средба ги постави темелите за сеопфатна меѓуопштинска соработка, со предлог да се формализира и преку советите на двете општини.

„Тагата мора да ја претвориме во конкретни чекори за промени, за вакви трагедии никогаш повеќе да не се повторат. Му благодарам на градоначалникот Крстевски за отвореноста и довербата,“ изјави градоначалникот на Струмица.

Овој гест на солидарност не е само институционална поддршка – тоа е порака на заедништво, човечност и одлучност да се гради посигурна иднина за сите.

Можете да прочитате

(Фото) Вечерва тешка сообраќајка во центарот на Скопје – две возила се судрија

Снопче: Ако Мицкоски ни покаже излез – веднаш ќе си заминеме од Владата

Отворена хуманитарно-продажната изложба во НУЦК „Бели мугри“ за повредените во „Пулс“