Утрински Весник
Скопје

Хајката се води долго време, вели Јакимовски за денешната пресуда

Jakimovskipres.jpg

„Хајката се води долго време, да нѐ тргнат нас кои имаме квалитетни школи, а за дојдат со купените дипломи. Тешка е борбата, се бориш против држава, против најсилниот дел, Обвинителството. Ќе поднесеме жалба до Апелација, аргументите се 1000% на наша страна. А мислев денеска ќе се почастиме со колегите.. Тоа е едно здружение направено, за да нѐ тргнат ние што се разбираме, што имаме резултати, а пред локалните избори. И општина и држава да ни водат овие со купени дипломи, а оваа Влада не се срами“, рече Јакимовски, обвинувајќи дека бил вршен притисок и за да се изнудат изјави против него.

Јакимовски вели дека едни му поднеле пријава, а други му донеле пресуда, додека тој се бори за државата и почитување на законите. Потоа, рече дека очекувал ослободителна пресуда.


„Кога сто отсто аргументите се на твоја страна, не знам што се докажуваме шест и пол години. Навистина ме измачија, не знам што одиме по судови, на Божја правдина имаме пресуда од 3,6 години“, рече Јакимовски

Јакимовски денеска доби 3 ипол години казна затвор во процес кој траеше над 6 години. Пресудата не е правосилна и Јакимовски рече дека ќе се жали на ваква казна од политички причини а дека тој нема никаква вина.

Можете да прочитате

Гости му украле половина подароци на мајмунот Мики во ЗОО Скопје

Посебен сообраќаен режим во недела во Скопје

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје