Утрински Весник
Скопје

(Видео) Општина Карпош констатира прекршувања кај нови објекти – повикани инвеститорите и надзорот

Stevco J.jpg

Градоначалникот на Општина Карпош, заедно со дел од општинските службеници, во текот на вчерашниот ден изврши увид во две станбени згради лоцирани на улица Никола Парапунов. При контролата беше утврдено дека во двата објекта паркинг местата не се изведени во согласност со одобрението за градба издадено од надлежните служби, иако за тоа постојат технички услови.

Според забелешките на општината, висината на гаражниот простор овозможува паркирање на две нивоа, но инвеститорите не го искористиле овој потенцијал.


Во текот на оваа седмица, сопствениците, инвеститорите и надзорот ќе бидат повикани на состанок во Општина Карпош. Од нивниот одговор и подготвеност да го коригираат недостатокот, ќе зависи и кои мерки ќе ги преземе општината во понатамошната постапка.

Можете да прочитате

Од 100 автобуси до нови мостови: Што исполни Ѓорѓиевски за една година од ветувањата за Скопје?

Герасимовски до стипендистите: Верувајте во себе, Центар е покрај вас

Меџити: Зајакнувањето на соработката меѓу Косово и Северна Македонија останува заеднички приоритет