Утрински Весник
Македонија

Адвокатот на Палчо: За убиството на Вања и Панче постојат клучни разлики во доказите и изјавите на обвинителството

Palco Ljupco Palevski Vanja Gjorcevska Pance Zezovski 585x418 1.jpg

Адвокатот Јовица Страшевски, бранител на обвинетиот Љупчо Палевски, обвинет за убиството на Вања и Панче, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје истакна дека постојат значителни разлики меѓу изведените докази и изјавите на обвинителството.

– Доказите што ги изведуваше ОЈО и нивните прашања поставени кон обвинетите покажуваат големи разлики во однос на изјавите и презентираните материјали – изјави Страшевски, нагласувајќи дека денешното сведочење на Палевски е клучно за да се утврдат овие неусогласености.


Адвокатот потенцираше дека нејасно останува клучното прашање во случајот – пиштолот.

– Пиштолот каде е не знам. За тоа треба да дадат одговор Обвинителството и МВР. Ние како одбрана бараме да биде вештачена чаурата, со што би се утврдило дали е пукано од пиштолот споменат кај Велибор Манев или од друг извор, црн пазар – рече Страшевски.

Тој дополни дека одбраната се обиде да приложи докази за местоположбата на Палевски на 22 и 27, но тие беа одбиени од судот со образложение дека веќе биле презентирани. Според, Страшевски, ваквиот пристап го доведува во прашање правичниот тек на процесот.

– Мое лично мислење е дека пресудата е однапред донесена. Како и да е, ние сме подготвени да ги побиеме сите докази кои беа презентирани, а не изведени, бидејќи тоа е од интерес и на јавноста – додаде адвокатот.

Повеќе

Можете да прочитате

На ГП „Богородица“ за излез од државава се чека два часа, 30 минути за влез на „Табановце“

Струмичанец, превезувал мигранти со возило со регистраски таблички од друго возило и без возачка дозвола

Претрес во скопско Арачиново, приведено едно лице, пронајдени над два килограми марихуана