Утрински Весник
Свет

ХРВ го обвини Израел за неселективни напади врз цивили

20250423105035 big 730x400 76.webp.webp

Хјуман рајтс воч го обвини Израел дека за време на неговата отворена војна со Хезболах во есента 2024 година извршил неселективни воздушни напади, давајќи го примерот на едно село во источен Либан каде што загинаа 33 цивили.

Договорот за прекин на огнот постигнат на 27 ноември стави крај на повеќе од една година непријателства, вклучително и двомесечна отворена војна, меѓу Израел и проиранската организација Хезболах, во кои беа убиени повеќе од 4.000 луѓе.


Според извештајот на невладината организација, на 25 септември, авијациска бомба од САД погоди станбена зграда, при што загинаа 23 членови на сириско семејство во Јунин, во источен Либан.

Вториот напад на 1 ноември уништи куќа во истата населба, при што загинаа 10 цивили, меѓу кои пет жени и едногодишно дете.

Според ХРВ, „овие два напада јасно претставуваат неселективни напади врз цивили и треба да бидат истражени како воени злосторства“.

Невладината организација не најде „никаков доказ за воена активност или воени цели на двете локации“.

Хјуман рајтс воч соопшти дека контактирала со армијата на 24 март, „но не добиле одговор“. Според организацијата, има се поголеми докази „дека израелските сили систематски не ги исполниле своите обврски за заштита на цивилите за време на нивните напади во Либан во 2023 и 2024 година или соодветно да направат разлика помеѓу воените цели од една страна и цивилните цели од друга страна“, рече Рамзи Каис, кој ги проучува прашањата поврзани со Либан.

Можете да прочитате

Невиден пожар во Њу Џерси: Зафатена шума, илјадници луѓе се евакуирани

Луѓето скокаа од височина во паника – Над 150 повредени во земјотресите во Истанбул

Зошто папата не може да биде донатор на органи и по смртта