Утрински Весник
Македонија

Дебата во Собранието за придобивките од Реформската агенда 2024 – 2027

Eu Mk.webp.webp
Dik 300x250 mk

Во рамки на денешната седница на собраниските Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции денеска ќе се одржи дебата за придобивките од Реформската агенда 2024 – 2027.

Како што информираат од собраниската прес-служба, целта е да се презентираат и дискутираат со пратениците придобивките од Реформската агенда 2024 – 2027, со фокус на можностите за забрзување на процесот на интеграција во ЕУ и зајакнување на клучните институции


Поздравни обраќања ќе имаат: Африм Гаши, претседател на Собранието, Венко Филипче, претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања, Орхан Муртезани, министер за европски прашања, Вероник Улман, амбасадорка на Швајцарија во земјава и Бен Нупнау, заменик-амбасадор во Делегацијата на ЕУ во земјава.

На тема „Реформите како заедничка одговорност: Градење консензус за пристапување на Северна Македонија во ЕУ“ ќе зборува Владимир Дробњак, поранешен главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со ЕУ и експерт на УНОПС.

Можете да прочитате

МВР: Лажни дојави за бомби во 45 училишта во Скопје и Куманово

Арсовска до Мицкоски: Кој ќе го исчисти градот сега, диктатору?

Мицкоски: Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2 ноември да се обединиме во Кичево