Утрински Весник
Свет

Руско-американскиот вселенски екипаж се врати на Земјата по повеќе од седум месеци во вселената

20250420090829 big 730x400 72.webp.webp

Руско-американски вселенски екипаж се врати на Земјата денеска со вселенскиот брод „Сојуз МС-26“, објави руската вселенска агенција Роскосмос.

По повеќе од седум месеци поминати на Меѓународната вселенска станица, астронаутите на Роскосмос Алексеј Овчинин и Иван Вагнер и астронаутот на НАСА, Доналд Петит се вратија.


Тројцата работеле во вселената од 11 септември минатата година, пренесуваат агенциите.

„Излезот од орбитата и спуштањето кон Земјата се одвиваше нормално“, соопшти Роскосмос, додавајќи дека слетувањето се случило во Казахстан, во близина на градот Жезказган.

На 8 април вселенскиот брод „Сојуз МС-27“ беше лансиран во орбитата со Американецот Џони Ким и Русите Сергеј Рижиков и Алексеј Зубрицки.

На екипажот на Меѓународната вселенска станица, тие им се придружија на Американците Петит, Ен Меклејн и Никол Ајерс, Русите Овчинин, Вагнер и Кирил Песков и Јапонецот Такуја Ониши.

Можете да прочитате

Во Холандија се зголемува бројот на пациенти кои преживуваат рак

Трамп потпиша извршна наредба за укинување на санкциите врз Сирија

САД дќе му продадат муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари