Утрински Весник
Македонија

Гаши: Велигден не потсетува дека меѓусебното почитување, солидарноста и добрината се суштински за напредокот на секое општество

20250420100729 big 730x400 6.webp.webp

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Африм Гаши упати честитки до граѓаните од христијанска вероисповед, по повод Велигден.

-Во овие светли денови на радост и духовна обновеност, дозволете ми од свое лично име и од името на Собранието на Република Северна Македонија да Ви ги честитам Велигденските празници. Велигденската порака е порака на надеж и обнова. Овој значаен празник е можност повторно да се потсетиме дека заедничките вредности како што се меѓусебното почитување, солидарноста и човечката добрина се суштински за напредокот на секое општество, се наведува во честитката.


Како граѓани на нашата заедничка татковина, се додава, нашата должност е заеднички да градиме мостови на разбирање, хармонија и мир, кои ќе бидат цврст темел за просперитетна и стабилна иднина.

-Нека овие велигденски денови бидат исполнети со семејна среќа, лична радост и заеднички спокој, поттикнувајќи нè да се соочуваме со сите предизвици преку позитивни примери и меѓусебна поддршка. На сите вас, драги пријатели, ви посакувам мир, добро здравје и благосостојба, и да го поминете Велигден во топлина и љубов со вашите најблиски. Честит Велигден!, стои во честитката од претседателот на Собранието Африм Гаши.

Можете да прочитате

Дсвкова, Мицковски и Тошковски Велигденските празници ги минуваат во државните вили во Охрид

ВРЕДИ со честитка за Велигден

Меџити: Трансформацијата на коалицијата „Влен“ во партија почнува од наредната недела